Во согласност со новите измени во Законот за трговски друштва, Централниот регистар почна со бришење на неактивните фирми. Веќе има објава за првата категорија компании, од вкупно трите кои постапно ќе влезат во процедура на бришење. По завршувањето на законски утврдените рокови ќе преминеме кон бришење, и секако, сликата која создаваше недоумица во јавноста во однос на статистиките за неактивност на фирмите ќе се измени. Односно таа бројка ќе биде намалена уште со првата категорија. Потоа ќе се оди кон втората категорија на бришење фирми што не се активни, односно немаат доставувано годишни сметки за последните три години или имаат доставувано изјави и празни годишни сметки за немање деловна активност. На крај е третата категорија фирми со блокирани сметки за кои ќе не' извести УЈП, врз основа на регистарот што го има преземено од Агенција за блокирани сметки.
Во согласност со новите измени во Законот за трговски друштва, Централниот регистар почна со бришење на неактивните фирми.
Веќе има објава за првата категорија компании, од вкупно трите кои постапно ќе влезат во процедура на бришење.
„По завршувањето на законски утврдените рокови ќе преминеме кон бришење, и секако, сликата која создаваше недоумица во јавноста во однос на статистиките за неактивност на фирмите ќе се измени. Односно таа бројка ќе биде намалена уште со првата категорија. Потоа ќе се оди кон втората категорија на бришење фирми што не се активни, односно немаат доставувано годишни сметки за последните три години или имаат доставувано изјави и празни годишни сметки за немање деловна активност. На крај е третата категорија фирми со блокирани сметки за кои ќе не' извести УЈП, врз основа на регистарот што го има преземено од Агенција за блокирани сметки“, појасни на вчерашната прес-конференција директорот на Централен регистар, Ванчо Костадиновски.
Инаку, ЦР од денеска почнува со отворените денови на кои граѓаните и правните субјекти ќе имаат можност да добијат информации за сето она што ги интересира, а е поврзано со работата на оваа институција. Акцијата ќе се реализира во сите 11 регионални канцеларии на Централниот регистар во кои тимови на стручни лица ќе им бидат на располагање на граѓаните. Отворените денови почнуваат во Велес, а распоредот за следните денови ќе биде објавен на веб-страницата на Централниот регистар.